Нема да дозволиме Египќаните да бидат „дежурни виновници“ во Македонија, дискриминацијата мора да стане минато
Како, НВО КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИТЕ, ќе ги активираме сите расположливи ресурси и механизми, а сесо цел да го заштитиме нашиот народ од неприродната етикета која со голема леснотија му се става на товар, дека Египканите се „дежурни виновници“ за се што не е добро, за се што не ги оправдало очекувањата. Не е ниту фер, ниу коректно, ниту компактибилно да се држи една етничка заедница во една подредена состојба. Ноторен факт е, дека мојот народ не е позициониран врз начелото на рамноправност. Очекувам, сите релевантни политички субјекти да придонесат, Египќаните да не бидат грагани од 5 ти ред во нашата заедничка татковина Р.Македонија. Без разлика што одредени активисти на Египканите имаат концесии кон одредени центри на мок, Египканите како лојален етникум заслужуваат фер шанса и нивно институционално интегрирање.Сите, во демократски општества имаме ПРАВО НА РАЗЛИЧНО МИСЛЕЊЕ И ТОА Е ОСНОВАТА НА ДЕМОКРАТИЈАТА. Овие, несоборливи факти, му ги истакнав и на Евроамасадорот , г динот Самоел Жбогар, а и понатака, на средбитешто следуваат со највлијателните Амбасадори, ке ги презентираме овие факти, кои не засегаат како заедница. Генералниот став на Египќаните е дека се за влез во ЕУ И НАТО, и ој е генерален став, а секако се почитува и мислењето на индивидуата. Но тоај процес е многу сложен, и бара особена внимателност и зачувување на националните интереси на Р.Македонија.
Во континуирана комуникација со лидетот на Опозицијата, г дин Христијан Мицкоски, со кого очекуваме во Охрид, да се потпише Меморандумот за Соработка помеѓу ВМРО ДПМНЕ И НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ, како продолжување на една континуирана соработка.
Демир Далип – НВО Коалиција на Египќани
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.