22/11/2024
Охрид

Непознати лица нападнале и ограбиле таксист во Охрид

Утрово во 04 часот и 25 минути, во СВР Охрид лицето Љ.Ј.(31) од Охрид, вработен во такси компанија, пријави физички напад и разбојништво извршено во 04:15 на булевар „Туристичка“ во Охрид.

Тука, бил физички нападнат од три лица кои претходно со такси возилото ги земал од дискотеката „Парк“ и ги возел до булеварот „Туристичка“. При излегување од такси возилото, трите засега непознати лица физички го нападнале ударајќи го со тупаници, по што му одзеле 15.000 денари.

Од ударите пријавителот се здобил со повреди на левата аркада и оток околу левото око. Повредите се констатирани во Општата болница во Охрид каде му е укажана лекарска помош.