Нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Од УХМР известуваат дека денес ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме. На места се очекува да има обилни врнежи од дожд. До утре дневните температури ќе бидат во пораст, а од четврток во опаѓање.