Невремето ги преплави улиците во Охрид
Невремето што денес во 14:30 часот го зафати Охрид и огромното количество на дожд кој заврна предизвика поплавување на улиците. Атмосферскиот одвод едноставно не можеше да го прими целиот дожд, сета вода која небото „ја истури“ врз Охрид. Сообраќајот се одвиваше отежнато, а за среќа сето тоа траеше еден час. Откако дождот престана се нормализира и ситуацијата на улиците, односно водата брзо се повлече.
WebOhrid