29/11/2024
Македонија

НФФ: МЗШВ да го прифати барањето за воведување интервентна мерка за субвенционирање на извезеното индустриско јаболко

Националната федерација на фармери смета дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да даде подршка на јаболкопроизводителите во делот на откупот на индустриско јаболко со конкретни мерки и да го прифати барањето на јабокопроизводителите за субвенционирање на извезеното индустриско јаболко, кое според пресметките на здружението на овоштари „Благој Котларовски“ оваа година се очекува да изнесуваат околу 60.000 тони индустриско јаболко.

НФФ ги подржува барањата на јаболкопроизводителите дадени преку здружението „Благој Котларовски“ од Ресен, членки на Националната федерација на фармери. Во целост ги принесуваме барањата кои преку разговор во потсекторската група за овоштарство на НФФ се подржани, воедно и го разбираме нивниот револт и повик за протести:

  1. Како интервентна мерка да се дозволи да биде субвенционирано и она индустриско јаболко кое го откупуваат трговците(а го извезуваат). Да се изнајди начин (квоти за извоз, контрола на откуп, контрола на граница) да им се излезе во престрет на земјоделците и да не се дозволи да пропадне повеќе од половина од индустриското јаболко. Само да напоменеме дека поради неколкуте последователни годени зафатени од климатските промени,земјоделците во Преспа се на работ на егзистенција.
  2. Да се зголеми субвенцијата за оддржување на овошните насади која изнесува (33.000 односно 39.600 на ха).

Ова е писмо кое и е дадено од страна на јаболкопроизводителите до советничката за земјоделство на Премиреот на државата и на шефот на Кабинет на министерот за земјоделство, Трајан Димковски. Доколку во најскоро време не се превземе нешто, јаболкоопроизводителите најавуваат протести. Во два наврати, претставници на земјоделските здруженија и задруги,преработувачи и трговци,како и одговорниот од подрачната единица при МЗШВ – Ресен остварија средби со шефот на кабинетот на Министерот при МЗШВ, Трајан Димковски на кого му е објаснет проблем и од кого нема сеуште одговор.

Годинашниот род на јаболка во Преспа се очекува да изнесува повеќе од 130.000 тони. Поради временската непогод – град, која ја зафати територијата на нашата општина на 3 пати (и тоа приближно во истиот реон), уништени се околу 2/3 од површините под јаболкови насади. Поради цалата таа ситуација се очекува да имаме околу 60.000 тони индустриско јаболко.

Со програмата за директни плаќање во земјоделието, мерка 1.10 дополнителни директни плаќања за предадено индустриско јаболко во домашни преработувачки капацитети од 3 ден за кг предадено јаболко,се субвенционираат само оние земјоделци кои своите индустриски јаболка ќе ги предадат во домашни преработувачки капацитети.

Капацитетот на годишното производство на домашните преработувачки капацитети изнесува околу 20.000 тони годишно. Останатото јаболко(околу 40.000 тони) треба да се изнесе надвор од нашата држава(тогаш нема субвенции од 3 ден по кг) или да се остави во овоштарниците да скапува.