22/11/2024
Македонија

НФФ организира обуки со сточарите и ги информира за законските регулативи

Околу 100 сточари присуствуваа на работилниците организирани од НФФ со подршка на Шведскиот кооперативен центар We Effect, каде што беа информирани дека од 2020 година според ЕУ регулативата треба да се откупува млеко само од прва класа за производство на млеко за пиење. На средбите од страна на Агенцијата за храна и ветерина беше презентиран ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ХИГИЕНА И НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА НА ВРШЕЊЕ НА СЛУЖБЕНИТЕ КОНТРОЛИ НА МЛЕКОТО И МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ кој е донесен на 28.10.2016 година и кој го регулира квалитетот на суровото млеко. Во рамките на правилникот се пропишани и бројот на микро организми по години кој фармерите треба да ги исполнат.

Претставниците од АХВ ги информираа фармерите дека сите примарни производители на сурово млеко наменето за исхрана на луѓето мораат да подненесат план за регистрација во кој се содржани и податоци за вкупен број на колонии на микроорганизми и соматски клетки. Или истото може да го го направи операторот за храна кој врши откуп на сурово млеко.

Фармерите беа информирани и за процесот за категоризација на фармите и беше посочено дека само 3,45% од фармите се прва категорија и ги исполнуваат европските стандарди за квалитет на сурово млеко кои дозволуваат максимум 400.000 соматски клетки и 100.000 бактерии во еден милилитар. Беше посочено дека поголем дел од фармите се категоризирани втора категорија, и дека овие фарми, според него покажуваат многу мали недоследности кои брзо и лесно може да се надминат со помош и едукација на фармерите и стриктно примена на хигиенски навики во фармите.

Фармерите беа информирани дека процесот на категоризација треба да заврши до 31.01 2020 година, и дека целта е унапредување на квалитетот на суровото млеко од апсект на вкупен број бактерии и соматски клетки, согласно европската регулатива. Фармите од втора категорија, ќе можат да го предаваат млекото само за преработка во сирење со зреење од најмалку 60 дена.

Претставниците од АХВ посочија дека при молзењето не треба да се користат било какви средства за дезинфекција туку само оние кои се наменети за таа работа на што некои од фармерите посочија дека користат средства купени во трговската мрежа како (Сјај, Гонг, Биљана) и дека за квалитетно млеко треба да се користат специјални Киселиниски и Базни дезинфекциони средства затоа што киселините го раствораат бигорот во опремата за молзење а дезинфициенсите на основа на Бази ги раствораат мастите и протеините со што се постигнува виско ниво на хигиена кое е потребно да се достигнат стандардите.

На средбите се презентираа практични едукативни совети за правилно производство на млекото и хигена на молзни крави опрема и штали од страна на проф. д-р Ѓоко Буневски професор по говедарство на Факулетот за земјоделски науки и храна. Од страна на Професорот Буневски беше даден акцент на хигиената на молзните крави опрема и штали за превентивата и подготовка на кравите пред за време и после молзење како и постапки со млекото и кравите по молзењето. Професорот Буневски посочи и за важноста за откривање на скриениот маститис кој е одговорен за квалитетот на млекото но и има најголеми економски штети за фармерите. Буневски истакна дека скриениот маститис може многу брзо и лесно да се открие со примена на таканаречениот Калифорнија мастит тест со практична демонстрација на истиот.