НГИ „Коалиција на Египќаните“ ја прокламираа својата платформа, ќе биде доставена до сите релевантни политички субјекти
НГИ „Коалиција на Египќаните“ ја објавија платформата на предизборно дејствување. Во неа се поместени барањата за интегрирање на оваа етничка заедница во општеството. Меѓу другото Египќаните инсистираат на правична и адекватна застапеност во институциите на системот,спомнување на Египќаните во Преамбулата на Уставот, институционална интегрираност на припадниците на етничката заедница Египкани, стипендии за ученици и студенти Египќани, кои ке ги додели Министерството за Образование и наука, прогласување на 24 Јуни-како официјален ден на Балканските Египкани, промовирање и ефектуирање на концептот „Заедничко Општество“ како и применување на концептот на Позитивна Дискриминација, почитување на основните човекови права и слободи и забрана на секаков вид на Дскриминација, Донесување на посебен закон за заштита на лицата со посебни потреби, самохраните родители, и децата без родители, кариерно унапредување на лицата вработени во Јавната Администрација, Обезбедување на неповратни средства за самовработување, воведување на рамниот данок, даночни олеснувања за инвестирање во Република Македонија, Донесување на стратешки план за запирање на иселувањето на граганите на Република Македонија, Ревизија на Преспанскиот Договор, промовирање и реализирање на начелото на рамноправност и еднаквост, како и подршка на старите занаети во изумирање. Платформата ќе биде доставена до сите релевантни политички партии, и која од нив ке ја прифати, ќе бидат ЈАВНО повикани граганите Египкани да ја подржат таа политичка опција, истакна Демир Далип, лидер на НГИ „Коалиција на Египќаните“, кој истакна дека со жалење мора да констатира дека Египќаните се манипулирани и спомнати само за време на избори, пракса која како што вели тој мора да запре бидејки е недемократска.