23/11/2024
Охрид

Ни парите, ни дрвата – измамена 62-годишна охриѓанка

На 21.02.2024 во 16:20 часот во СВР Охрид, 62-годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 14.000 денари.

Според пријавеното, околу 13:30 часот во нејзниот дом дошло лицето и ѝ понудило огревни дрва, а откако се договориле таа му ги дала парите, по што лицето заминало.

Како што е пријавено, до пријавувањето лицето не ги донело дрвата и не ги вратило парите, по што таа се посомневала дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


WebOhrid / 22.02.2024 / СВР Охрид