Никола Јакимоски го фати чесниот крст во Охрид
Денес, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици се изврши традиционалното фрлање на светиот Крст во водите на Охридското Езеро. Меѓу повеќето скокачи по светиот Крст, најсреќен беше Никола Јакимоски од Охрид.
Крстот во водите на Охридското Езеро го положи Митрополитот Тимотеј.
На манифестацијата која се одржа на градското пристаниште во Охрид присуствуваа илјадници верници, а истата беше збогатена со музика.
Според верувањето, чесниот крст му носи среќа и благослов на оној кој ќе го фати во годината што претстои.