22/11/2024
Македонија

Николовски: СДСМ воведе нов систем на работа, започнуваме на редовни средби со граѓаните, на терен

Прес конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Се обврзавме пред граѓаните за промени и нов начин и модел на делување на работење, но и на забрзување забрзување на напредокот на општеството.

За нас, зборот важи!

Како генерален секретар на СДСМ, партијата носител на промените и на напредокот, ја информирам јавноста: СДСМ ги заокружува промените и воведува нов систем на работа и делување, во интерес на граѓаните. Промените продолжуваат.

Со почетокот на овој месец, јули, започнуваме и со теренски активности и средби со граѓаните, на терен, во маалата, во селата, во урбаните заедници, низ сите градови и општини.

Тимови на СДСМ на централно и локално ниво, придужувани од партиски носители на функции, советници, нашите градоначалници, директори ќе се сретнат со граѓаните ширум републиката во текот на летото.

На маалски и урбани со граѓаните ќе разговараме за нивните потреби, за отворените прашања, за работата на локалната самоуправа и градоначалниците, за работата на централната власт и на институциите, но и за начинот на решавање на проблемите.

Ќе го забележиме она што ќе го посочат граѓаните и итно ќе делуваме низ нашиот систем.

Што е добро сработено во изминатите 2 години, што треба да се подобри.

Започнуваме од утре во Пробиштип и во сабота од Штип. Продолжуваме секој ден на терен со граѓаните.

Почитувани граѓани,

Со вас сме, на ваша страна, приклучете се, бидете гласни, вашиот став, вашето мислење за нас е важно и битно.

Како што ветивме пред изборите, н ема да бидеме на терен само за изборен период или за време на кампања. Токму затоа, почнуваме со активности.

Секој ден, континуирано, со граѓаните, до граѓаните, за нив постоиме. Нашите нови претседатели на општински организации, нашите нови тимови заедно со градоначалниците ќе бидат заедно со вас.

Уште во следните денови започнуваме со средбите, а сите теренски активности ќе бидат прилагодени на летниот период, по интензитет, време и по карактер. Постепено ќе засилуваат и нашите средби ќе бидат системски и во континуитет.

Новиот систем на СДСМ значи редовно оценување на политиките, програмите и проектите на сите можни нивоа. Овој процес е започнат и во овој процес се воведени сите наши градоначалници, директори и претседатели на општинските организации.

Затоа, паралелно со теренските активности, во тек е длабински процес на опсежна анализа и истражувања за реализацијата на програмите, проектите и мерките на централната, но и на локалната власт.

Се прави целосна евалуација на досега сработеното, се евиденира степеност на реализација на проектите и задоволството на граѓаните, и од политиките и од носителите на истите. Ова ќе го вкрстиме заедно со информациите од граѓаните од терен.

Преземаме обврска, преку координирана акција да се надминат сите предизвици во реализацијата на она што е ветено пред граѓаните.

За се она што е значајно за граѓаните, целата структура на СДСМ се става во функција за нивното успешно решавање. Токму затоа, ќе бидам тука, деноноќно да работиме во тој правец.

Заедно со граѓаните ги донесовме промените, заедно со граѓаните победивме петти пат, заедно со граѓаните продолжуваме да го забрзаме напредокот, за подобар живот на сите наши граѓани низ целата земја.