Нинг Фенг се враќа пред македонската публика
Вечерва во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Нинг Фенг се враќа“, на кој, како што кажува насловот, ќе настапи виртуозот на виолината, кинескиот уметник Нинг Фенг, кој минатата година ја маѓепса македонската публика …
Овој пат, еден од водечките виолинисти денес, Нинг Фенг, се враќа на сцената со изведба на виртуозното и прекрасно дело за виолина – „Шпанска симфонија“ од Едуард Лало.
Концертот ќе се одржи под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата е и Првата симфонија од Јоханес Брамс, насловена „Патетична“, една од најкомплексните симфонии во класичната музичка литература.