Ниту денешното сонце не ја промени состојбата на улиците низ Охрид
Сончевото време со температура од 2 степени целзиусови кое се задржа преку целиот ден не успеа да ја подобри состојбата на улиците и тротоарите низ Охрид. Снегот и понатаму белее, а тоа што се истопи денес, преку ноќта ќе замрзне бидејќи се очекува температурата да се спушти дури и до -9 степени целзиусови. Единствено коловозот на булеварот Туристичка може да се каже дека е за нијанса побезбеден за возачите, но сепак препорачливо е внимателно возење со придржување на условите на коловозите, како и воздржување од употреба на автомобили.
Нашата екипа на терен забележа дека сепак нашите сограѓани не можат без своите автомобили, дури и некои од нив не внимаваат на пешаците со тоа што не ја прилагодуваат брзината, а не ги избегнувааат ниту дупките со вода. Поради снегот и мразот паркирањето е отежнато, па на одредени места има хаотично паркирани возила кои им оневозможуваат на надлежните служби без проблем да си ја вршат својата работа.
WebOhrid