26/11/2024
Дебрца

Низа проекти за изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца

Минатата година, поаѓајќи од барањата на граѓаните, Општина Дебрца, започна со проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”.

Проектот опфати повеќе активности : поставување на армирано бетонски цевки за премостување на водотеци, изградба на бетонски влезни и излезни шахти за пропусти, крилни ѕидови, изградба на бетонски канали за вода со или без метални решетки и др.

„Ветивме дека со овие активности продолжуваме и оваа година.

Досега оваа година реализирано:

– Лешани, го решивме проблемот со пропуст на полски пат и мини разделителна градба за наводнување,

– Велмеј, го решивме проблемот со зафаќање на атмосферските води на регионалниот пат, кај селскиот дом, и реконструкција на мост по улицата кај изворите на “Истокот”.

-Врбјани, Годивје и Лактиње, решени пропустите и каналите по улиците кои се планирани за асфалтирање,

-Песочани, изградена шахта на бразда за наводнување. Навидум ситни, ама за граѓаните битни активности.

Продолжуваме понатаму…..“– вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.