Ногачески: Продолжуваме и утре, ако времето послужи сите патни правци во општина Дебрца ќе бидат проодни
Екипите на општина Дебрца во текот на изминатата ноќ и во текот на денешниот ден работеа на расчистување на снегот. Синоќа ги чистеа само главните патни правци, а денес интервенираа по улиците во селата.
„Обилните снежни врнежи во текот на изминатата ноќ и во текот на денов создадоа дополнителни проблеми. Снежната покривка на места е преку 50-60 цм.
Општинската механизација цел ден работеше на терен. Во доцните попладневни часови ги пробивме и патните правци до селата Врбјани, Годивје и Лактиње.
Пробиени се патните правци до сите села во Дебрца, освен селата Црвена Вода, Турје, Мраморец и Сошани.
Прооден е Регионалниот патен правец Ботун-Лешани-Велмеј. Пробиени се голем дел од улиците во повеќе села. Продолжуваме утре и ако времето послужи се надеваме дека сите патни правци во општината ќе бидат проодни.“- вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
WebOhrid