22/11/2024
Дебрца

Ногачески: Проодни патиштата до Турје и Мраморец

Денес се пробивме до најодалечените места Турје и Мраморец. Во Турје затекнавме пет жители, а во Мраморец само тетка Софче и тетка Благица. Тешко е, ама се снаоѓаат во екстремните услови и без струја, напиша градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

„Изминативе денови имавме голем предизвик и мислам дека успеавме да се справиме. Заедно со Директорот на ЈКП, Игор Крцоски стигнавме во секое село, во некои и по неколку пати. Можеби некаде и не успеавме најбрзо и најдобро да реагираме. Сепак од нашето патешествие по теренот согледавме и некои аномалии во дејствувањето во зимски услови, кои се надевам ќе ги корегираме.“– напиша Ногачески.

Проблем остана напојувањето со електрична енергија, на селата во Средна и Горна Дебрца. Градоначалникот Ногачески вели дека во постојан контакт се со екипите на ЕВН и се надева дека и тоа наскоро ќе биде решено.