22/11/2024
МакедонијаСтруга

Нормализирана матноста на водата за пиење во Струга

Од Центарот за јавно здравје Охрид информираат дека состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга по однос на параметарот матност е нормализирана, односно последните три последователни мерења на 6 мерни места во Струга и околината покажуваат дека вредноста на матноста е во граници на пропишаната и законски дозволена.

Во тек е комплетна микробиолошка и хемиска анализа на сите параметри во водата, по што, соодветниот наод/резултат ќе биде доставен до инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, за натамошно постапување.