04/03/2025
Охрид

Нов асфалт на неколку локации во село Горно Лакочереј

Во тек се работни активности за поставување на нов асфалт на неколку локации во село Горно Лакочереј. Се асфалтира во центарот на целото, околу училиштето и неколку помали улички.

Асфалтирана е површина од околу 1000м2, со вкупна должина од 250 метри и ширина околу 4 метри.

Активностите се дел од годишните програми на Општина Охрид, во рамки на тендереот за асфалтирање на улици во рурални средини.


WebOhrid / 16.11.2022 / Општина Охрид