22/02/2025
Охрид

Нов изглед на влезниот објект-портирница од ЈЗУ Општа Болница Охрид

Завршено е целосното реновирање на влезниот објект-портирница на ЈЗУ Општа Болница Охрид, објект којшто е изграден пред 50-тина години и којшто се наоѓаше во незавидна ситуација.

Во објектот се сместени вработените од службата за помошен технички персонал односно портири и шофери на амбулантни возила.

Целиот проект е реализиран со донација, а в.д. Директорот изрази благодарност до општествено одговорните компании: “Иваноски 2015”, “Деадор”, “Здружение на возачи Охрид”, “Мирвец”, “Три-Каро”, “Турист инжинеринг”, “Разме С.”, “Стовариште Кристи”, “Интер Еуропа” како и Општина Охрид со јавните претпријатија кои придонесоа за негова реализација.

“Во иднина се предвидени повеќе вакви зафати којшто би допринеле за оваа установа да го добие вистинскиот лик како што доликува на најголемиот туристички центар во нашата држава” изјави в.д. Директорот спец. Д-р Горан Маркоски.


WebOhrid / 14.02.2025 / ЈЗУ Општа Болница Охрид