22/11/2024
МакедонијаСтруга

Нов културен бран во Струга: Фестивал на краток филм „Дрим шорт“

Викендов, од 8 до 10 декември во НУЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга, како дел од Манифестацијата Нов културен бран на Министерството за култура, ќе се одржи тридневната програма на Фестивалот на краток филм „Дрим шорт“ (Drim Short 2017).

Ова е нулто издание на фестивалот на краток филм што се одржува од оваа година. „Дрим шорт“ ќе има ревијален карактер и ќе се фокусира на промоција на млади македонски автори и кратки филмови од македонска продукција.

Според организаторите, филмот е медиум што нѐ внесува во прецизно дефиниран време-простор кој ја апсолвира реалноста или она што сакаме таа да биде. Филмот раскажува приказна која може да трае вечно, а да се разбере во неколку минути. Оттука филмот претставува порака, која лесно се пренесува и до оние кои не сакаат да ја примат. Ова се поврзува со слоганот на годинешното издание „Дајте ми добра приказна, а реалноста ќе ја следи“ и ја истакнува темата на фестивалот, социјалната ангажираност во македонскиот филм.

Фестивалот на краток филм е во организација на здружението ИНКА во копартнерство со Фондацијата „Фридрих-Еберт“ – канцеларија Скопје.

Во офф-програмата е предвидена музичка програма која ќе се одвива по проекциите.