Нов културен настан во рамките на ЛУНУС
Манифестацијата Летни уметнички ноќи на улица Самоилова којашто се одржува во културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид продолжува со претставување на македонските литературни творци.
Утревечер, 8 јули 2019 година со почеток во 20:00 часот ќе биде претставен реномираниот охридски пистател за деца и поет Тоде Илиевски.
За делото на Илиевски ќе зборува Мишо Јузмески, писател и публицист од Охрид.