Нов пад од едно место за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа
Македонската фудбалска репрезентација забележа нов пад од -1 место на најновата ФИФА рејтинг листа и моментално се наоѓа на 75 место.
Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде останува водечката тројка Германија, Бразил и Португалија.
Најголем скок минатиот месец забележа репрезентацијата на Андора со +7 места се искачи на 130 место, додека пак најголем пад забележа репрезентацијата на Азербејџан од -8 места која се најде на 127 место.
WebOhrid