26/11/2024
ОхридСпорт

Нов подвиг на Марко Пејчиновски за децата со ретки болести

Најмладиот маратонец и пливачки гениј од Охрид, Марко Пејчиновски кој боледува од ретка болест односно  има Perthes Disease на левиот колк од ногата на 4 Септември годинава  во водите на Охридското Езеро ќе преплива соло пливачки маратон за децата со ретки болести.

Од организациониот одбор на настанот информираат дека на самиот ден на случувањето од 12 часот на штанд кај Градското пристаниште ќе се продаваат изработени маички за поддршка на Марко со слоганот “NEVER GIVE UP”.

Овој е трет подвиг на Марко во оваа сезона. Марко е најмладиот маратонец кој на 12 годишна возраст на 28.08.2018 г. го преплива Охридско Езеро од Св. Наум до Охрид.

На 03.07.2021 година прв во историјата повторно го преплива Охридско Езеро, но овојпат во обратна насока, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Светиот Наум Охридски, а за здравје на сите.

На 31.07.2021 година повторно, како прв во историјата го преплива Охридско Езеро во две насоки. Од Охрид до Свети Наум и назад, пак до Охрид, овојпат во чест на неговата мајка која е тешко болна.