Нов пораз за АВ Охрид во АБА 2 лигата
Нов пораз за АВ Охрид. Вечерва во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, тимот на АВ Охрид играше против Ловќен Цетиње.
И покрај тоа што Галебите имаа добро прво полувреме, во продолжението гостите ја презедоа иницијативата и успеаа да го добијат натпреварот со 75-96 (20-21; 21-23; 16-27; 18-25).
АВ Охрид останува на последното место од АБА 2 лигата.
Следниот натпревар од АБА 2 лигата АВ Охрид ќе го игра следната среда (17 јануари) на гости против Вршац, Србија.
WebOhrid