Нова атмосферска канализација во населбата „Христо Узунов“
Екипите на ЈП „Нискоградба“ по налог на Општина Охрид започнаа со градежни активности за поставување на нова атмосферска канализација во населбата „Христо Узунов“ .
Се поставуваат цевки за одведување во должина од 70 метри, со што ќе се надмине долгогодишниот проблем со насобирање на атмосферска вода на коловозот, во овој дел од населбата.