Нова фекална канализација во Рача
Деновиве се изведуваат завршните работни активности од правата фаза за поставување на нова фекална канализација во населбата Рача.
Се работи за одводна мрежа во должина од 320 метри и соодветни приклучни шахти. Активностите се дел од Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води од 2019 година и за оваа намена беа предвидени 1.092.560 денари. Работните активности на терен ги изведува фирмата „Бокоп“.
Во тек е подготовка на тендерска документација за објавување на Јавен повик за изведување на втората фаза од оваа канализационата линија, која е предвидена во Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води од 2020 година.