22/11/2024
Охрид

Нова фекална канализација во село Лескоец

Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“ работат на поставување фекална канализација на еден крак од улицата „Илинденска“ во село Лескоец во должина од 84 метри. Во активноста е вклучена и изградбата на четири шахти. Проектот е финансиски подржан од Општина Охрид, а реализацијата завршува денес.

 Со финансиска поддршка на локалната самоуправа ова охридско претпријатие утре започнува со поставување фекална канализација и на крак од улицата „Илија Смически“  во село Лескоец во  должина од 65 метри , а е предвидено да се изградат и три шахти.