Нова поетска книга на Димче Шипинкаровски „Татковиот аманет”
Во издание на Здружените за литература, култура и наука „Бран“ од Струга, излезе од печат најновата книга на поетскиот ерудит Димче Шипинкаровски, „Татковиот аманет“.
Димче Шипинкаровски е добитник на награда, за 2022 година, на престижната поетска манифестација „Антево Слово“, која се доделува во чест на истакнатиот македонски поет Анте Поповски.
Уредник на изданието е Борче Панов, додека професор д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, во посебна рецензија, прави осврт на творештвото на Шипинкаровски.
Покрај насловната песна, посветена на неговиот покоен татко, писателот, поет и есеист Петко Шипинкаровски, Димче Шипинкаровски, остава белег во македонската поетска ризница, уште и со песните „Испустено огниште” и „Голем ангелу од Небрегово”, посветени на Блаже Коневски, потоа „Нож в грб”, посветена на Коле Чашуле, како и со бројните лирски записи, како во песната „Вака зјдвит сонцето во Струга”.
-Еден од новите современи македонски автори е и Димче Шишпинкаровски, поет од Струга, кој, преку својата поетска книга „Татковиот аманет”, презентира поезија создавана во 2020 и 2021 година. Во неговите свежи, доживеани и искрени песни, тој ја раздиплува целата своја интима, исполнета со немир, страст и пркос, пишува, мегу другото, професор д-р Христо Петревски, во рецензијата насловена „Чинот и радоста на создавањето”.
WebOhrid / 19.07.2022 / Веле Митаноски