22/11/2024
Македонија

НовАсном: Црквата си доби свој Преспански Договор

„НовАсном категорично се спротиставува на синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на ерархијата Охридска црква (линк од актот) од страна на вселенската Патријашија. Со овој акт, во членот 3, Македонсктата Православна Црква – Охридска Археипескопија самата се откажа од името  Македонија и сите зборови кои произлегуваат од името Македонија. Со овој договор, црквата си доби свој, ‘Преспански Договор’, и се откажува од Македонштината.  

Во иднина, ако овој акт се усвои од страна на МПЦ-ОА, секоја официјална комуникација која црквата ќе ја има со било која друга црква, или на официјален документ, ќе се одвива со името Охридска Архиепископија. Никаде нема да фигурира Македонска или било кој збор македонски. Во официјална комуникација и документација со секоја црква во иднина зборот Македонска ќе биде избришан, нема да постои и ќе биден заменет со Охридска. 

Во овој контекст го прашуваме неговото блаженство Архиепископот Охридски И Македонски г.г. Стефан, кој ќе биде неговиот титулар во комуникација со Патријашијата? Дали ќе се вика Охридски и Македонски или само Охридски? 

Во време на национални  држави и национални цркви, македонската нација ја изгуби државата Република Македонија а сега е на чекор да ја изгуби својата црква Македонска Православна Црква. Сите нации во наше опкружување имаат свои цркви и држави освен нашата.  Кога Македонскиот идентит се спори од Европска Грција и Бугарија, неприфатливо е за Македонската нација да нема таков идентитетски бедем како што е Македонската Парвославна Црква. Ова е нов пораз за македонската нација, пораз кој македонските политички елити го прикажуваат како победа, само затоа што нашата црква ќе може да комуницира и биде признаена како Охридска без да се постигне афтокефалноста. Губитничката политика продолжува.  

Свежи се сеќавањата од потпишувањето од Преспанскиот договор кога на ист начин политичките елити се фалеа дека е одличен договор, а еве 4 години потоа, последиците се очигледни, за поголемиот дел од светот ние сме северномакедонци имаме северномакедонски премиер и претседател.  

Го замолуваме Синодот на МПЦ-ОА да ја преиспита својата штетна одлука со кој се брише Македонија и зборовите што произлегуваат од зборот Македонија од се што е црковно. Исто така апелираме до делегатите на Архиепископскиот црковен народен собор да го отфрлат актот на Вселенската Патријашија на следниот нивен собир и со тоа да се зачува Македонската Православна Црква – Охридска Арехипескопија, Јустијана Прима.“ стои во соопштението од НовАсном.


WebOhrid / 13.05.2022 / НовАсном