НовАсном: Да се ослободиме од политичките и економски стеги
Последниот извештај на Светска Банка за глобалната економскa прогноза во делот на Западен Балкан е потврда и констатација на реалноста во која запднавме по менувањето на името на нашата држава. Имено, Светска банка предвидува најмал раст на економијата на Македонија од 3% споредбено со остатокот од земјите на Западен Балкан, како Србија 4.2% , Босна и Херцеговина3.2%, Црна Гора 3.5%, и Албанија 3.5%. (страна 89). Ваквата катастрофална економска состојба е само продолжение на досегашните лоши економски резултати кои нашата економија ги постигна од кога станавме членка на НАТО.
НовАсном ги извади податоците за економскиот раст на Западен Балкан, Централна Европа, и Светската економија во годините од 2021-2023 од дата базата на Светската Банка каде што се гледа дека Македонската економија во овој три годишен период оствари убедливо најмал економски раст од мизерни 2.59% годишно!
Заклучоците од досегашите и идните перформанси се следни:
Прво, Владата на Мицковски, и поред својот силен медиумски ПР во делот на економијата, имплементира неефикасни економски мерки. Една од нив е лимитирање на маржите во малопродажбата и спората дистрибуција на Унгарскиот заем под несоодветни критериуми кои ќе резултираат со најнизок економски раст на Западен Балкан.
Второ. И покрај обидот да се направи разлика помеѓу бившата владеачка гарнитурана СДСМ и ДУИ и сегашната влада, во суштина нема разлика во економските политики. До крајот на 2025, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе е на власт, година и пол, ќе имаме најмал економски раст во Западен Балкан баш како и до сега кога владееа СДСМ и ДУИ.
Трето. Македонците се историско излажани за нивната иднина од своите политички елити, разни НВО организации, лажните економски аналитичари и западни дипломати. Тие не уверуваа дека кога ќе влеземе во НАТО, ќе ни се отворат ЕУ вратите, ќе имаме поголем економски раст, поголеми инвестиции, владеење на правото итд… итд.
Четврто, смената на уставното име претставуваше инцијална каписла за нови политички уцени од страна на ЕУ членките како Франција, Бугарија и Грција. Се најдовме во неподносливo потчинета состојба во однос на Грција и Бугарија, кои политички не изолираа на патот кон ЕУ.
Логичен е заклучокот дека со промената на уставното име немаме ни политички ниту економски бенефиции туку само додатен економски товар. Само за пример: од буџетот за 2024 за одбраната издвојуваме 5.857%, од кои преку 100 милиони евра кои се трошат за набавка на скапа западна воена опрема и се полнат буџетите на нашите западни сојузници во време кога во Македонија немаме ни една современа депонија за отпад! Училиштата ни се во катастрофални услови, болниците кадровски и технички недоволно опремени, низок е опфатот и третманот на отпадните води со што се загадуваат реките и езерата со необработени фекалии.
НовАсном предлага логички економско-политички мерки кои имаат за цел враќање на достонинството на Македонците и зголемена економска активност која ќе резултира со поголем економски раст од досегашниот.
Прекин на Преспанскиот и Бугарскиот договор како услов за враќање на достоинството на Македонецот и создавање на нови предуслови за јакнење на духот и свеста дека ние можеме да си ја изградиме Република Македонија со сопствени капацитети користејќи ги сите економски погодности кои ни се нудат.
Потпишување на договор за слободна трговија со Кина од каде што потекнува околу 10% од нашиот увоз. Со тоа ќе ги намалиме цените на производи за широка потрошувачка и ќе го зголемиме стандардот на граѓаните.
Прекин на следењето на надворешна ЕУ политика со оглед дека таму владее дискриманција врз македонците од Грција и Бугарија, а таа дискриминација е спротивна со нашиот вредносен карактер на целото наше општество.
Прекин на санкциите кон Русија со што ќе се зголемат приходите од извозот на овошје кој опадна и до 85% ! Зголемување на приходите од Тутунот, Машини и транспортни уреди. Оваа мерка е резултат на фактот дека и покрај санкциите повеќе земји членки на ЕУ активно тргуваат со Руската Федерација директно или преку трети земји.
Овие конкретни чекори се само првични чекори кон ослободување на политичките и економски стеги кои ни се наметнаа со Преспанскиот и Бугарскиот договор и безсмисленото следење на заедничката Европска Политика и истите се предуслов за поголем економски раст, поголем од досегашниот кој е најмал во регионов.
WebOhrid / 30.01.2025 / НовАсном