НовАсном: Предадени се идеалите на Борците од НОБ
„Организацијата НОВАСНОМ, денеска, на 81 годишнината од Денот на народното востание на македонскиот народ, оддава огромна почит кон сите востаници во борбата против фашизмот и фашистичкиот окупатор на македонската земја. Денеска, со огромен пиетет, оддаваме признание за македонските херои кои, ја започнаа борбата за слобода и ослободување на македонскиот народ и македонската земја од окупаторите фашистички. Тие, храбро се бореа и гинеа за самостојна Македонија, за самобитност и самостојност на македонскиот народ.
Организацијата НОВАСНОМ, смета дека, денеска, за жал дојде време, кога треба да кажеме дека заради оваа одродничка власт, предадени се нивните идеали и визии, нивната борба и жртви се погазени и дека Република Македонија ја ликвидираа, ја заменија со Северна, ја нагрдија, ја обезличија и им ги одзедоа правата и достоинството на Македонците. Денеска, пред Македонската нација, „висат“ истите пранги окупаторски, истите закани за целосно деградирање и девалвирање на достоинството на Македонците, за газење и бришење на историјата Македонска, демнат подли обиди за бугаризација, да се сотрат традициите, обичаите и културата Македонска. И сето тоа, со амин на оваа неспособна, одродничка и предавничка власт која мизерно и со свиткана кичма, молчешкум ја гледа агресијата за крај на постоењето на Македонците.
И затоа, организацијата НОВАСНОМ смета дека, дојде време кога гласно мора да кажеме дека борбата за ослободување на Македонија ПРОДОЛЖУВА. Оваа борба е новата револуција на сите нас-македонските патриоти, оваа борба е нашиот генерациски предизвик и крик на Македонците против преспанскиот договор, против т.н. „заедничка историја“ со Бугарија, против македонскиот јазик да бидне дијалект на бугарскиот. Оваа борба е за нашето вековно и уставно име Република Македонија и дека е ДОСТА од „бугарска демократија“, ДОСТА од бугарски клубови во Македонија, ДОСТА од дволичните игри на меѓународната заедница и од апетитите на нивните миленичиња Грција и Бугарија-најсиромашната земја во ЕУ. Оваа борба, значи ДОСТА за поделбите и КРАЈ за оваа марионетска и профашистичка власт. Оваа борба е нашиот Македонски восклик за живот и слобода, за бесмртност на македонизмот со кој и денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата.
Македонци, нека ни е честит 11 октомври, денот на непокорот и Ден на народното востание на македонскиот народ.
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.“ – стои во честитката од НовАсном.
WebOhrid / 11.10.2022 / НовАсном