26/11/2024
Македонија

НовАсном: Прво признавање на Македонците во Бугарија па договор со Бугарија

„Одбиениот Македонски предлог за постигнување договор, кој според неофицијални извори е уште едно велепредавство,  од страна на Софија само е уште една потврда дека Софија и Скопје не преговрааат или пак разговараат за договор. Очигледно е дека тука се работи за диктат и уцени кои Софија и ги сервира на Република Македонија. За жал, нашата страна после секој контра предлог кој и го нуди на Софија а Софија го одбива се повеќе и повеќе ги поткопува Македонските индентитески позиции кои Софија сака да ги елиминира.  

Имајќи предвид дека Бугарија има 14 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур за кршење на основните човекови права на Македонците во Бугарија, се поставува прашањето за фундаментот на функционирањето на Европската Унија во доменот на човековите права на поединецот или групите кои се одделуваат од мнозинството единствено поради нивното декларирање како различни, во контекст на нивната национална или верска припадност.  

Се прашуваме каде ли не возат нашите политички елити знаејќи дека дел од Европската Унија нема респект кон нас и не негираат? 

Имајќи ги предвид 14-те пресуди против Република Бугарија, како и инертноста на Европската комисија да ја санкционира Бугарија за кршењето на човековите права на Македонците, НовАсном смета дека е потребно итно раскинување на договорот за добрососедство со Република Бугарија сè додека Република Бугарија не ги имплементира 14-те пресуди на Судот за човекови права од Стразбур. 

Почитувањето на основните човекови права на Македонците во Бугарија би претставувало добра основа за нов меѓудржавен и добрососедски договор меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Во меѓувреме, потребна е итна имплементација на структурните реформи во Република Македонија, во судството, јавното обвинителство, јавната администрација, како и во уставниот суд, кои ќе резултираат со градење правно општество каде што секоја индивидуа ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина.“ – стои во соопштението од НовАсном.


WebOhrid / 15.04.2022 / НовАсном