НовАсном: Рамковниот мора да падне
„Денеска на годишнината на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој беше замислен да биде во духот на консезуалната демократија, 22 години подоцна, се претвори во нешто спротивно од духот на истиот и прерасна во флагрантно кршење на македонските национални интереси, а неговата широка имплементација продуцира еден крајно нефункционален правен, економски и политички систем под кој сите ние живееме.
Иако првично замислен да се имплементира првенствено на општинско ниво, сега имаме речиси целосна Рамковизација на Македонија која е на штета на меѓуетничките односи и соживот во Македонија. Со истата рамковизација на Македонија, се потврди тезата дека албанците не сакаат меѓуетнички соживот со македонците. Потврда за ова се т.н. *балансер* при вработувањето во државната администрација, нелегалниот закон за јазици кои гарантира албанците да не се разбираат со македонците, како и законот за знамиња кој го крши суверенитетот на нашата држава. Дали го видовте знамето на голема Албанија како се вееше вчера во Тетово позади плејадата на албански политичари кои му беа домаќини на Албен Курти? Дали еден албански политичар се огради од тоа знаме? Ете го резултатот од Рамковниот Договор.
Како резултат на рамковизацијата на Македонија, сега имаме едно племенско општествено уредување кое повеќе наликува на државно уредување од 16ти век, а не на демократско уредување базирано на владеењето на правото и меритократијата. Сите држвани претпријатија, министерства, судство, Јавно Обвинителство и државниот апарат е поделен по племенско етнички принцип кој секој ден потврдува дека е нефункционален и е товар на европската интеграција на Македонија. И тука е најголемиот апсурд со Рамковниот договор, ни беше представен како неопходен дел од патот кон ЕУ, а ниедна од ЕУ членките го немаат имплементирано.
Со рамковниот договор, националните и идентитетски права на албанците се загарантирани, но не и на Македонците. За сите одредби кои се од албански национални интереси потребно е дво-третинска согласност на пратениците од албанска националност во Парламентот, но тоа не важи и за Македонците кога се работи за нивните етнички прашања. За пример е Бугарскиот догвор за т.н. добрососедство кој исклучиво ги засега Македонците, истиот се донесе со просто мнозинство во Парламентот каде што поголемиот дел од пратениците Македонци не се сложија со истиот. Заради овие аномалии кои се спротивни на Македонските национални интереси имаме албанец министер за надворешни работи кој преговара со Република Бугарија за изричито македонски идентитетски одредби. Сето ова е само голема потврда дека нам Македонците оваа држава не ни е по наш терк. Оваа вештачка творевина Северна не ги задоволува интересите на Македонската нација.
НовАсном смета дека дојдено е времето да се укине Рамковниот договор и да се возообнови Република Македонија која ќе почива на АСНОМски демократски принципи на меритократија, еднаквост и правдина.“ – стои во соопштението од Здружението НовАсном.
WebOhrid / 13.08.2023 / НовАсном