23/11/2024
Охрид

Новата година дочекајте ја со книга во рацете

И оваа претпоследна среда од 2020 година, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид на читателите им нуди на прочит нови девет наслови кои се веќе во одделот за издавање.

Се работи за следните интересни наслови: „Ангелите од Москополе“ од Катја Максим во издание на Бата Прес, биографијата на „Пјер Кири“ од Марија Кири – Намапрес , „Последната камелија“ од Сара Џио – Сакам книги, „Корејски народни приказни“ – Македоника литера, „Златната средина“ од Анабел Лајон, – Табахон, „Воскресение“ од Мирче Нешовски – Македонија Презент, „Вистинскиот за мене“ Кејти Еванс – Сакам книги, „Звукот на формирањето на солта“ од Македоника литера и „Време за љубов“ од Маја Стојановска – Просветно дело.

Библиотеката за читателите е отворена од понеделник до петок од 8:30 до 18:30 часот. Годишната членарина за возрасни е 300, а за деца 200 денари.