22/11/2024
Македонија

Нови цени на нафтените деривати

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,66%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, не се променува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со Одлуката од 17.06.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 17.06.2019 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,234 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 17.06.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,237 ден/кг.