26/11/2024
Македонија

Нови цени на нафтените деривати

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,31%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.08.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 81,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,039 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,064 ден/кг.


WebOhrid / 29.08.2023 / Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги