Нови ЛЦД проектори за охридските основни училишта
Со финансиски средства на Општина Охрид во вредност од 89.090 денари набавени се ЛЦД Проектори со држач за првачињата од ООУ „Братство Единство“ и за четвртоодделенците од основните училишта „Св.Климент Охридски“ и „Христо Узунов“ од Охрид. По претходно распишан тендер за изведувач е избрана фирмата ДООЕЛ „Албатрос“ од Скопје.
Целта на проектот е да се подобрат условите за реализирање на предвидената воспитно образовна програма за учениците од основните училишта во градов.