Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид
НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид претстави осум нови наслови кои уште од денеска ќе можат да се позајмат во Библиотеката.
Се работи за дела од домашни и странски автори кои имаат интересен, впечатлив и привлечен раскажувачки стил. Прва на листата е книгата „Каде е Елизабет?“од Ема Хили која во светски познатиот Sunday Times е најавена како бестселер од авторката и добитник на наградата Costa за 2014 г. Во денешната понуда се и книгите: „Марсовецот“ од Енди Вир, „Паралел“ од Верица Ацеска, биографијата на Фрнац Кафка од Макс Брод, „Јапонски бајки“ – Јеи Теодора Озаки, „Елеганцијата на ежот“ од Мириел Барбери, „Три жени“ од Марџ Пирси и делото „Остров“ од Меша Селимовиќ. Понудените книги се во издание на: Дата Понс, Прозарт Медиа, Просветно дело, В и Г Зеница, Антолог, Матица, Три и Ѓурѓа.
Годишното членство во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид за деца чини 200, а за возрасни 300 денари. Работното време на Пултот за издавање од понеделник до петок е од 8 и 30 до 18 и 30 часот со пауза поради спроведување на Ковид мерките од 13 до 13 и 30 часот.