Нови наслови во охридската библиотека
Од новата и богата понуда на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид оваа среда ви претставуваме уште девет нови книги кои од денеска можат да се позајмат.
Се работи за следниве актуелни наслови и автори: „Насветлото зајдисонце“ и „Најмрачното зајдисонце“ од Али Мартинез, „Лов на тигар“ од Џејмс Патерсон, „Украденото дете“ од Санџида Кеј, „Комедии и пасторали“ од Марин Држиќ, „Шпанска поезија 20 век“ , „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон , „Зимски распуст“ од Хилдур Кнусдотир и „Транскрипција“ од Кејт Аткинсон.
Годишната членарина за возрасни во библиотеката чини 300 денари, а за деца 200 денари.