Нови вд директори добија дел од охридските јавни претпријатија и воспитно образовни установи
Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски, од денес четири јавни претпријатија во градов, две основни училишта и детската градинка „Јасна Ристеска“ добија нови Вршители на Должност.
За ВД директор во ЈП „Билјанини извори“ е назначена Гордана Јованоска, a на оваа позиција во „Ниско Градба“ е поставен Гоце Ѓоршески. ВД директор на ЈП „Охридски Комуналец“ е Лупчо Грданоски, а во ЈП „Градски Пазар“, Кристина Крлеска- Деспотоска.
За ВД директор во ОУ „Св. Климент Охридски“ е поставена Наташа Танеска која доаѓа на местото на Јордан Пуроски, а Елена Ел- Нади е новиот ВД директор на ОУ„Ванчо Николески“ и доаѓа на местото на Жаклина Трипунова.
Од денес нов ВД директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ е Мери Рилкова и доаѓа на местото од Роза Костеска.
Наредниве денови ќе бидат објавени имињата на новите вршители на должност на МЈП „Проаква“ и на ЈП „Градски гробишта“ како и на останатите воспитно- образовни установи во градов.