Ново намалување на цените на нафтените деривати
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,41%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 03.02.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,50 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 57,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 денар/литар во однос на малопродажната цена утврдени со Одлуката од 03.02.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 денар/литар во однос на малопродажната цена утврдени со Одлуката од 03.02.2020 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,028 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.02.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,894 ден/кг.