22/11/2024
Охрид

Ново оштетување на излогот на канцеларијата од Здружението „Цар Борис III“

На 23.11.2022 година во 19:12 часот во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло на канцеларијата на здружението Цар Борис Трети лоцирана на Булеварот Македонски Просветители во ТЦ Амам во Охрид.

Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што, утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје.

За настанот известен е Јавен Обвинител од ОЈО Охрид  по чии насоки се преземаат мерки за  расчистување на настанот.


WebOhrid / 23.11.2022 / СВР Охрид