23/11/2024
Македонија

Ново зголемување на цените на горивата

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија, од вечерва пополноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,09%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, односно за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.03.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.03.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,677 за ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.03.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,375 ден/кг.