11/02/2025
Охрид

„Новогодишен сон“, хуманитарен предновогодишен настан на плоштадот „Чинар“

Во овој РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месец на дарување, Црвен крст Охрид во соработка со Општина Охрид организира „Новогодишен сон“, хуманитарен предновогодишен настан кој има за цел да ја поттикне креативноста, хуманоста и солидарноста кај децата од основните училишта, но и возрасните волонтери на Црвен крст Охрид, преку изработка на најразлични новогодишни украси и предмети кои ќе бидат истакнати за продажба. Со секој купен производ ќе бидат извлекувани награди.

Во забавниот дел од настанот, со музички точки ќе настапат ученици од второ и трето одделение од основните училишта во општина Охрид, а присутен ќе биде и Дедо Мраз.

Средствата собрани од оваа хуманитарна продажна акција ќе бидат наменети за разубавување на Новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид.

Настанот ќе се реализира на 18.12.2024 г. (среда) од 12 ч., на плоштадот „Чинар“.


WebOhrid / 17.12.2024 / Црвен крст Охрид