23/11/2024
Охрид

Новогодишна честитка на ОК ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им ги честита новогодишните празници и посакува да ги поминат во топла и пријатна атмосфера.

„Новогодишните празници се мигови кога можеме да направиме осврт на работите коишто сме ги постигнале минатата година, но и да ги одредиме приоритетите и предизвиците по коишто ќе работиме во наредната 2018 година.

Изминатата година бевме соочени со многу предизвици и потешкотии. Политичката атмосфера, за жал, непријатно се одрази на целото општество и на секој од нас посебно.

Ние, како партија отсекогаш сме биле со вас, нашите сограѓани, со Вас ќе продолжиме да бидеме и во Новата година. Нашата цел е враќање на достоинството, а ослободувањето на уставобранителите останува наша обврска и завет. Ќе се бориме и работиме за што поскоро нормализирање на работите и доаѓање повторно на власт.

На сите граѓани им посакуваме многу здравје, спокојство, среќа, повеќе радост и поголеми успеси во годината што доаѓа. Она што можеби делумно и нецелосно сте го реализирале Ви посакуваме целосно да го остварите во Новата 2018 година, којашто е пред нас.

Нека вашите најискрени желби станат реалност!

Нека е среќна и бериќетна 2018 година!“– стои во честитката.