Новогодишна честитка од дното на Охридското Езеро за поддршка на децата со ретки болести
На еден редок и навистина уникатен начин, нуркачите на Клубот за подводни активности „Охрид“ ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, за кои накитија и им ја посветија нивната ретка подводна новогодишна елка.
Упатија најубави желби за во новата 2022 година, сите заедно да влеземе со надеж за подобри денови.
– За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на и нови терапии, порачаа нуркачите.
WebOhrid / 27.12.2021 / Ретки болести Охрид