Новогодишна честитка од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им ја честита Новата 2020 година со искрени желби за добро здравје, повеќе радост, поголеми успеси и подобра иднина.
„Во Новата година да ги славиме вистината и добрите дела кои нè зближуваат, а ѕвезда водилка нека ни биде потрагата по правдата и вистината. Надежта и обновата се најпотребни и затоа заеднички да се избориме за подобро, за обнова и иднина.
Наместо криминал, корупција, понижување и погазување на достоинството во Новата година да имаме работа, чесност, гордост и проекти кои ќе го подобрат животот и стандардот на граѓаните.
Нашите заложби да бидат работа и проекти, раст и напредок, а конечната цел успешен Охрид и успешна Македонија. Радоста, среќата и бериќетот да надвладеат во Новата година.
Ви посакуваме среќни новогодишни празници исполнети со благодат, среќа и радост.
Среќна Нова 2020 година!“– стои во честитката.