23/11/2024
Охрид

Новогодишни пакетчиња за згрижените деца во охридските болници

Децата со посебни потреби  кои се лекуваат во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“  и  децата во детското одделени при Општата Болница во Охрид  денеска ги посети  Дедо Мраз.

Радосни и возбудени од средбата дечињата ги примија подароците  и се фотографираа со дедото со бела брада и црвена облека.

Новогодишни подароци добија и дечињата кои извршуваа дневни прегледи во овие установи.

Организатор на настанот е  Здружението на граѓани за еднаква застапеност  на лица со посебни потреби  во медиумите „СОС БАЛКАН МЕДИА“  со поддршка на Општина Охрид и Министерството за Здравство на Р. Македонија.