23/11/2024
Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ до читателите: Вратете ги зајмените книги да ги читаат и други

И покрај постојаните набавки и збогатувањето на фондот со нови наслови НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се соочува со проблемот позајмени а не вратени книги.

Од таа причина Библиотеката одлучи да ги повика сите корисници кои зајмиле книги до 2020  а не успеале да ги вратат, да го сторат тоа најдоцна до 31 декември, годинава.

Целта е  книгите повторно да го продолжат својот живот меѓу читателите.