22/11/2024
Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид ќе го одбележи Денот на виното и љубовта

Со промоција на книга, музички перформанс и вино утре напладне (12 ч.) НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи свети Трифун, празникот на виното и лозјето и свети Валентин празникот на вљубените. Православната црква го слави и Свети Валентин, но не на 14 февруари, туку на 19 јули и на 12 август.

Според теолозите, и двајцата светители се дел од христијанството, еднакво признаени и кај православните и кај католиците, но за секој од нив се изградил одреден култ кај одредената црква.

Но на 14 февруари сепак се одбележуваат двата светители, еден кој кај христијанскиот свет има долга традиција и се почитува со векови, и вториот кој со посредство на медиумите стана глобален феномен и надвор од христијанските земји.

По тој повод во Библиотеката музички перформанс на гитара ќе изведе познатиот охридски и македонски гитарист Мартин Милески а ќе биде промовирана и 121 книга од Академик д-р Миле Миќуновиќ со наслов: „Љубов – извор на здравје и среќа“.

Д-р Миќуновиќ во книга се задржува на: Полот во човечкото oпштество; сексуалните проблеми во развојот на човекот; функции на полот кај човекот; прокреативната функција на полот; рекреативната функција на полот; љубовта е потреба; заљубеност;цврстата прегратка ја задушува љубовта; сексуално среќна жена; љубов на интернет; очите го гледаат она што тие го сакаат; намалена сексуална желба, главата ме боли; телесна привлечност; сочен бакнеж; сексуални работнички; вистинска страст; верен маж; моќта е сексуално привлечна; зошто нижиме рецки; љубовни смс пораки; малите тајни ја чуваат врската; предигра не е неопходна; в кревет со помлад; секс со пријател; зошто мажите купуваат секс; прељуба; љубовен прав; темел на љубовта; страст во зрели години; што поспоро тоа подобро; љубовта не е секс; сексот не е натпревар; повеќе тестостерон; фалбаџии; за среќа е потребен секс; помалку секс не значи повеќе памет; нови мажи; секс во бројки и половиот однос лек за телото и душата.

Авторот во заклучокот вели дека е љубовта извор на здравје и среќа.


WebOhrid / 13.02.2024 / НУ Библиотека