НУ Библиотека „Григор Прличев“: Што најмногу читаа охриѓани во 2018
По повод Светскиот ден на книгата и авторското НУ Библиотека „Григор Прличев“ спроведе интерна анкета и анализа за тоа што најмногу читаат и кои автори и дела од домашната и светска литература бараат членовите на библиотеката.
Меѓу првите пет од странската литература ( редоследот е случаен) изгледа вака:
- СЕДУМТЕ СЕСТРИ – Лусинда Рајли
- КУФЕРОТ ОД БЕРЛИН – Јелена Бачиќ Алимпиќ
- ПОТЕКЛО – Ден Браун
- МАСКАТА ОД ВЕНЕЦИЈА – Розалинд Лејкер
- СНЕШКО – Ју Несбе
Константно барани се и делата од македонски писатели и поети. Минатата 2018 најбарани и со тоа најчитани се:
- ЖИВА МЕЃУ МРТВИТЕ – Моника Димитровска
- ТАНЦОТ НА ЖИВОТОТ – Моника Стојанова
- ТАНЦУВАЈЌИ ВО ТИШИНАТА – Моника Стојанова
- УМРЕН ЧОВЕК – Игор Џамбазов
- РЕЗЕРВЕН ЖИВОТ – Лидија Димковска
Листата на пет странски автори најпопуларни и најбарани изгледа вака: Лусинда Рајли, Ден Браун, Донато Каризи, Ју Несбе, Тес Геритсен.
Следниве пет домашни автори беа и сè уште се најпопуларни и најбарани во библиотеката: Игор Џамбазов, Лидија Димковска, Румена Бужаровска, Винка Саздова, Гоце Смилески.
Анализата направена од страна на Оделот за издавање и позајмување на книги по области за 2018 година покажува дека најпопуларни и најбарани се: книгите за деца, стручните и научни книги, љубовните романи, трилерите и книгите чија содржина е податлива за самопомош.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги следи барањата на читателите и трендот во современото издаваштво и постојано го обновува фондот на книги со она што е актуелно кај нас и во светот.